Спортска „журка“ за мерак, нека стане традиција (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометниот спектакл меѓу А-селекцијата на Македонија и ракометните ветерани кои добија заслужени признанија за големиот придонес на овој спорт го извади на површина она најдоброто. Тоа е сплотеноста на млади и стари ракометни мајстори, но и на над 6.000 Македонци кои уживаа во мајсториите на Димовски, Стоилов, пеналот на Јовиќ, одбраните на Борко и на Диви, создавајќи чувство на обединетост што како ретко досега во последните години, на било кое поле во нашата држава.

Затоа, вечерашниот спектакл слободно може да биде почеток на една нова, апсолутно позитивна традиција. Со оглед на фактот дека ракометарите секој јануари се подготвуваат за настап на големи натпреварувања (практично им е обезбедено и учеството на наредното европско првенство), ете повод и за 12 месеци повторно да се сме сведоци на слична „спортска журка“, со одлични музички гости и полни трибини.

 

Се вчитува...