Спортскиот директор на Лајпциг има свој ВАР систем за судијата (ВИДЕО)

Спортскиот директор на Ред бул Лајпциг, Ралф Рангник на вчерашниот дуел против Баерн Минхен во рамките од германскиот куп, се обиде да му покаже видео на судијата дека направил грешка при доделување на фаул. Рангник смета дека судијата требаше да досуди пенал во корист на својата екипа, но Лајпциг доби само слободен удар.

Директорот на германскиот вицешампион незадоволен од судиската одлука, на полувремето се обиде да му покаже на арбитарот со својот телефон дека фаулот бил во опасната зона. Овој потег не им се допадна на фудбалерите на Баерн, па се обидоа да го оттргнат Рангник што подалеку од судијата, по што настана расправија која подоцна продолжи и во тунелот кој води до соблекувалните.

Иронично, Лајпциг во вториот дел од средбата стигна до погодок преку белата точка, откако Жером Боатенг го сруши напаѓачот на домашната екипа, Јусуф Полсен, а Емил Форзберг го совлада голманот Улреих.

https://www.youtube.com/watch?v=kmwGRyBRFIM&feature=youtu.behttps://www.youtube.com/watch?v=UL2WXzJXesE

Се вчитува...