Спортскиот директор на Леванте: Имаме неколку понуди за Барди

Енис Барди речиси сигурно заминува од Леванте во летниот преоден рок. Откако тимот од Валенсија не го обезбеди опстанокот во Ла Лига, македонскиот репрезентативец ќе има нова средина. За него има интерес од Италија и од Шпанија.

Алмерија засега е најблиску до неговите услуги, но и натаму ги чека понудите од другите клубови. Во меѓувреме спортскиот директор на Леванте, Фелипе Мињамбрес потврди дека до адресата на клубот стигнале неколку понуди.

„Имаме неколку понуди за Енис Барди“, вели Мињамбрес.

Освен Алмерија, за него има интерес и од Селта, Валенсија, како и од Торино.

Се вчитува...