Спортскиот директор на Манчестер Сити за ждрепката во ЛШ: Секогаш едното исто

Четвртфиналната ждрепка за Лигата на Шампиони донесе средба помеѓу бранителот на трофејот Манчестер Сити и најтрофејниот тим во натпреварувањето Реал Мадрид.

Овие два ривали си ги одмерија силите и во полуфиналето претходната сезона во кое по двомечот на пласман во големото финале се радуваа Англичаните кои подоцна го освоија и трофејот.

Ждрeпката ја прокоментира и спортскиот директор на Манчестер Сити, Чики Бегеристајн кој не беше презадоволен од изборот на следен противник.

„Каква штета. Веќе ми досадија овие кугли, постојано исто. Ждрепката е иста како и претходната година, само заменете го Арсенал со Ливерпул. Ќе се обидеме конечниот исход да биде како во 2023 година“, изјави Бегеристајн.

Се вчитува...