Спортскиот директор на Пјаст: Костадинов го гледавме неколку пати во живо пред да го ангажираме

Спортскиот директор на Пјаст Гливице Шимон Јанчик, зборуваше за тоа како бил ангажиран Тихомир Костадинов и неколкуте странски играчи кои биле доведени во тимот.

„Како и сите, така и Костадинов, секогаш ги следиме во живо играчите пред да ги потпишеме. Костадинов го гледавме неколку пати и во Ружомберок и во македонската репрезентација каде во живо присусуствуваме на неколку натпревари. Прво ја гледавме неговата статистика, и тоа ни го привлече вниманието да го следиме, а потоа донесовме одлука да го ангажираме“, рече Јанчик.

Костадинов на почетокот на годинава потпиша договор со Пјаст до 2025 година.

Се вчитува...