Дарко Чурлинов ги собира комплиментите по одличната партија што македонскиот репрезентативец ја прикажа на синоќешниот дуел со Нирнберг, на кој нашиот интернационалец го постигна и својот прв гол за Шалке во втората германска лига.
Спортскиот директор на клубот од Гелзенкирхен, Роувен Шредер, не го криеше задоволството што Чурлинов влегува во посакуваната форма.
„Младите играчи ја искористија шансата на овој меч. Беше уживање да се гледа Чурлинов, мислам дека и тој уживаше на теренот, тешко е да го запрете Дарко кога е во ситуации „еден на еден“. Играше на позицијата за која го доведовме во клубот и ги покажа своите квалитети, одличен е да најде дупки во противничката одбрана и да ги разигра соиграчите. Покажа огромна самодоверба, нешто што е многу важно кога се враќате по пауза поради повреда“, истакна Шредер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА