Спортскиот директор на Шалке: Вратата за Чурлинов не е целосно затворена

Како што стојат работите, македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ќе остане во Штутгарт, и нема да направи трансфер во Шалке иако тоа беше негова желба. Тимот од Гелзенкирхен нема да плати 3 милиони евра колку што „Швабите“ бараат за Македонецот, а ја одбија и понудата за позајмица на уште една сезона. Штутгарт прифаќа позајмица со задолжителен откуп од 2 милиони, но и тоа беше одбиено од Шалке.

Спортскиот директор на Шалке, Рувен Шредер зборуваше за ситуацијата со Чурлинов, кажувајќи дека и натаму има надеж за ангажман на крилото на македонската репрезентација во таборот на „сините“ од Гелзенкирхен.

„Клубот има амбиции да победува на секој натпревар, но најпрво сакаме да го стабилизираме клубот да биде успешен во Бундеслигата. Не очекуваат големи предизвици. Мораме да бидеме реални, нашиот буџет е 37 милиони, додека многу клубови имаат 120 милиони. За Чурлинов засега не можеме да си го дозволиме, но вратата не е целосно затворена“, истакна Шредер. 

Дарко Чурлинов минатата сезона ја мина како позајмен во Шалке, и сакаше да остане. Меѓутоа засега нема ништо од тоа, и тој ќе мора да се наметнува во Штутгарт.

Се вчитува...