Спортскиот директор на Штутгарт: Од идната сезона сериозно сметаме на Чурлинов

Штутгарт идната сезона ќе си го врати Дарко Чурлинов, и ќе го задржи во своите редови. Ова го најави спортскиот директор на екипата, Свен Мислинтат, кој праткично го донесе Чурлинов во Штутгарт од таборот на Келн.

„Тоа беше идејата за Чурлинов. Да игра оваа сезона, а следната сезона очекуваме да се врати во Штутгарт и сериозно да сметаме на него“, вели Мислинтат.

Чурлинов е на позајмица во Шалке до крајот на сезоната, а потоа се враќа во таборот на Штутгарт. Дојде во таборот на „швабите“ до 2020 година, за кој одигра 20 меча и постигна еден гол. Покрај овие тимови, во Германија беше дел и од Келн, а во младинските категории играше за Магдебург и Ханза.

Се вчитува...