Спортскиот центар „Ново Лисиче“ ќе го носи името на починатиот ракометар Марко Божиновски

Советот на Општина Аеродром на вчерашната редовна седница донесе и одлука за преименување на спортскиот центар „Ново Лисиче“, кој во иднина ќе го носи името на Марко Божиновски, младиот ракометар кој летово ненадејно почина на 20-годишна возраст.

Божиновски, кој го носеше дресот на суперлигашот Бутел, почина во сон нецели два дена по одигрувањето на натпревар за овој тим. Тој живее во населба Аеродром и важеше за голем навивач на МЗТ Скопје, па советниците во Општина Аеродром со овој гест се погрижија споменот на Марко Божиновски да остане вечно, како име на спортскиот центар во населбата Ново Лисиче.

Во својата кариера беше дел од кадетската репрезентација на Македонија која настапи на СП 2019, а играше и за младинскиот национален тим.

Се вчитува...