Спортските настани остануваат без публика

Протоколот за одржување јавни настани на отвoрено и на затворено на кои е дозволено присуство на публика кој денеска го усвои Владата не ги опфаќа спортските натпревари.

На денешната седница беше донесена одлука да има организирање настани со присуство на публика на затворено со користење на 30 порценти од капацитетот на објектот и на отворено со користење на 50 проценти од можностите на објектот. Но, за спортските настани дополнително ќе биде одлучувано. Тие засега остануваат пред празни трибини, потврдуваат од владата за ЕКИПА.МК.

„Спортските настани и натаму се без публика. Протоколот за јавни настани не ги опфаќа спортските настани“ – одговрија од владата на прашање на ЕКИПА.

За враќање на навивачите во салите и на стадионите дополнително ќе се одлучува. За тоа ќе треба да биде изработен посебен проткол од Комисијата за заразни болести.

 

Се вчитува...