Спортските сали и во Македонија ќе станат „болници“ ако драматично се зголемува бројот на заболени

Нешто слично како по примерот во Хрватска и во Бугарија, и спортските сали во Македонија би можело наредниот период да се пренаменат во „болници“ доколку драматично се зголеми бројот на заболени од коронавирусот.

Министерот за здравство, Венко Филипче информираше дека Кризниот штаб ја разгледувал и оваа опција иако во моментов нема потреба од такво нешто.

„Дискутиравме за оваа можност, но засега нема потреба од една таква акција. Во иднина ако, не дај боже, биде потребно за тоа ќе се разгледува повторно таа можност. Сега, имаме доволен број на кревети кои се оспособени во моментов за лечење на итни случаи на кои ќе им биде неопходна хоспитализација. Засега ќе го практикуваме германскиот систем на лекување, во кој сите пациенти со полесна слика се на домашно лекување, а во болница се оние кои мора да се на респираторни машини и оние на кои им е неопходна посериозна медицинска помош“ – истакна Филипче на денешната прес-конференција.

Се вчитува...