Спортсмен на годината: Алаба ја освои титулата и тргна да го теши Нејмар

Австрискиот интернационалец Давид Алаба покажа врвна спортска класа по завршувањето на финалето на Лигата на шампионите. Додека останатите фудбалери на Баерн Минхен го прославуваа големиот триумф (1-0) над ПСЖ и шестата европска круна за клубот, Алаба му посвети внимание на Нејмар, тешејќи го за болниот пораз.

За Пари Сен Жермен ова беше прво историско финале во елитното европско клупско натпреварување, но се сопна на последната пречка. Нејмар остана во солзи, а првата прегратка и утеха ја доби од Алаба.

 

Се вчитува...