Спремете се, започнува НБА: Ќе успее ли некој да ги симне Лејкерс од врвот?

Новата сезона во НБА лигата е пред нас, а истата ни носи и нови правила и услови, предизвикани од пандемијата на коронавирус, за која играчите добија упатство од 134 страни. Го немаше ни вообичајниот драфт, летната лига, а и тренинг камповите траеа кратко па формата на играчите можеби и нема да биде перфектна од самиот почеток, но сега се тоа е зад нас, а ни претстои – кошарката.

Со тоа се отвара и најголемото прашање – Кој, и дали некој воопшто ќе ги симне Леброн Џејмс и Лејкерс од врвот? Шампионот оваа сезона дополнително се засили, но покуси не останаа ниту првите „предизвикувачи“, Бостон, Денвер, Клиперс, Милвоки и Мајами.

По нив на изненадување ќе се надеваат Бруклин, Далас, Филаделфија, Голден Стејт, Хјустон, Јута, Портланд и Торонто, а ќе биде интересно и на борбата за плејоф каде се јавуваат: Атланта, Феникс, Индијана, Мемфис, Њу Орлеанс, Орландо и Сан Антионио. Од „сенка“ на добра сезона се надеваат уште Чикаго, Минесота, Сакраменто, Шарлот и Вашингтон, а најголемо изненадување може да приредат Детроит, Кливленд, Никс и Оклахома.

Првата „НБА вечер“ започнува со дуелот помеѓу Нетс и Вориорс од 1 часот по полноќ, додека три часа подоцна ќе се сретнат Лејкерс и Клиперс.

Се вчитува...