Спринт трката станува стандард во Формула 1 шампионатот

Формула 1 планира новиот формат на „спринт трка“ да стане станарден дел од програмата во текот на сезоната. Ова го потврди директорот Рос Браун, кој рече дека Ф1 сака да прави прогресивни, а не радикални промени.

Браун истакнува дека нема причина спринт трката да не стане дел од секој тркачки викенд, покрај квалификациите и главната трка.

„Отворени сме. Внимателно го планираме секој чекор по чекор и по шест трки ќе можеме да одлучиме дали сакаме да го зголемиме бројот на спринт трките. Мислам дека не треба да плашиме од тоа. Ако тоа е формат на иднината, мораме да го воведеме веднаш“, изјави Браун. 

Се вчитува...