Срамен пораз на Баерн, Леверкузен веќе е шампион на Германија! (ВИДЕО)

Баер Леверкузен продолжува сигурно да чекори кон првата титула во Бундеслигата откако денеска славеше на гостувањето кај Унион Берлин со минимални 0-1 во 28. рунда од германскиот шампионат.

Клучниот момент во натпреварот се случи во судиското надополнување во првото полувреме кога Флоријан Вирц од пенал го постигна погодокот вреден три бода. Победата за „фармацевтите“ е уште поголема, бидејќи првиот конкурент Баерн Минхен доживеа нов срам и загуби од Хајденхајм со 3-2. Баварците без поголеми проблеми по првото полувреме имаа позитива од 0-2 со головите на Кејн и Гнабри.

Но, на стартот на вториот дел уште еднаш, по кој знае кој пат се покажа дека од тимовите кои ги води Томас Тухел можеш се да очекуваш. Тухел успеа дури и од Баерн Минхен да направи тим кој понекогаш личи за потсмев. Домаќините прво преку Сеса во 50. минута намалија на 1-2, а само минута подоцна беше и 2-2 со голот на Клендајншт. Конечните 3-2 беа дело на Клендајншт кој го постигна својот втор гол во 79. минута.

FC Heidenheim [3] – 2 Bayern München – Tim Kleindienst 79′
byu/dragon8811 insoccer

Елиф  Елмас и неговиот Ред Бул Лајпциг стигнаа до убедлив триумф од 1-4 на гостувањето кај Фрајбург, но нашиот фудбалер повторно шанса доби само во финишот на мечот.  Елмас во игра влезе во 83. минута и ги одигра последните десетина минути.

РЕЗУЛТАТИ БУНДЕСЛИГА 28. КОЛО: 

КЕЛН – БОХУМ 2-1

ФРАЈБУРГ – ЛАЈПЦИГ 1-4

ХАЈДЕНХАЈМ – БАЕРН М. 3-2

МАЈНЦ – ДАРМШТАД 4-0

У. БЕРЛИН – БАЕР Л. 0-1

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...