Срамен пораз на Вардар од 3-0 на тестот со Македонија ЃП

Вардар загуби убедливо со 3-0 од тимот на Македонија ЃП на пријателскиот натпревар кој двете екипи го искористија за тест за време на паузата поради репрезентативни настапи.

„Лавовите“ до неочекувано високата победа против Вардар стигнаа со голови постигнати во второто полувреме. Македонија ЃП головите ги постигна во 47., 78. и во 89. минута од средбата.

„Црвено-црните“ на дуелот настапија во следниот состав: Кировски, Брдаровски, Попзлатанов, Манев, Новак, Најдовски, Мицевски, Јуфо, Битанг, Цветаноски и Лира.

„Вардарци“ следниот меч од првенството го играат против Шкупи на домашен терен на 16. септември.

Се вчитува...