Срамна елиминација на Олимпик Марсеј од Купот на Франција

Олимпик Марсеј доживеа срамен пораз и елиминација во Купот на Франција од нисколигашот Андрезио. Тимот на Руди Гарсија иако настапи во речиси најсилен состав, загуби со 2-0 на гостувањето и го заврши настапот уште во 1/32-финалето од Купот.

Нгвабије во 17.минута донесе изненадувачко водство за домашниот состав, а Паје и соиграчите не возвратија до самиот крај. Во финишот, Андрезио постигна и втор гол преку Милја и го оствари најголемиот триумф во клупската историја, елиминирајќи го некогашниот европски првак Олимпик Марсеј.

Монако се пласираше во следната рунда од натпреварувањето со минимална победа (0-1) над нисколигашот Кане Русилион. Стрелец на победничкиот погодок за „кнезовите“ беше Муса Сила во втората минута.

Се вчитува...