Срамни сцени во Хрватска: „Армада“ со столчиња фрлаше по „Лавот Адеми“ и скандираа „Да ти е*ам мајката ши**арска“!

Во дерби натпреварот од 24. коло на ХНЛ на стадионот „Максими“р, фудбалерите на Динамо ја победија Риека со минимални 1-0  со што ја намалија разликата од водечкиот двоец на табелата.

Половина час откако Дарио Бел го означи крајот на мечот на „Максимир“, се случија неприфатливи сцени. „Армада“ овојпат се фокусираше на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, кој по натпреварот дојде да ги поздрави сопругата и синот во „микс зоната“.

Капитенот на Динамо си играше со својот син, а потоа навивачите на Риека почнаа да го навредуваат, нешто што се нема случено  на вакво дерби. Адеми не им остана должен и возврати, што очигледно не им одговараше на риечаните.

Одговорот на капитенот на сините не и се допадна на Армада, по што еден од навивачите фрли столче во негов правец. За среќа, не беше прецизно фрлено столчето, но самиот факт што го направија тоа што го направија е за осуда. Се слушале и извици од трибините „Да ти е*ам мајката шип*арска“ што е навистина недозволиво.

Се вчитува...