Срамно: Додека Хрватска е во изолација, Динамо закажува пресови за да се фали

Хрватскиот фудбалски шампион Динамо Загреб ги повика медиумите на прес-конференција на Максимир како би можеле да се пофалат со донациите кои ќе ги даде клубот на Црвениот крст и загрепските болници.

Овој гест хрватските медиуми го сметаат за срамен бидејќи во ек на пандемијата од Ковид-19 и страотниот земјотрес кој го зафати Загреб, во период во кој граѓаните се во изолација, а властите преземаат мерки за нивна заштита, од клубот се фалат со донација која веќе беше објавена во медиумите.

Тие пренесуваат дека загрепскиот клуб со овој потег не презентира хуманост, туку големата криза ја користи за самопромоција со која „плука“ по сите жртви на немилите настани во Хрватска.

Се вчитува...