Срамота: Јуве цел меч без шут во рамки на гол

Јувентус прими гол во 90. минута, но поразот беше заслужен ако се земе во предвид пристапот на „старата дама“ и решеноста на најтрофејниот италијански клуб наместо самиот да тргне во напад и да ја реши трката за скудетото, да ги брани почетните 0-0.

Впрочем, најдобар доказ за тоа е и податокот дека Јувентус во текот на 90-те минути немаше ниту еден шут во рамките на голот, што е првпат вакво нешто да се случи на „старата дама“ од изградата на „Алијанц арена“ стадионот во Торино. На овој стадион Јувентус вообичаено ги мелеше своите противници, но сезонава избраниците на Алегри капитулираа два пати, најпрвин од Лацио а сега и на клучниот дуел против Наполи.

Дибала има голем пад во формата, Манџукиќ се уште не е „фит“ по повредата, а и Даглас Коста како да загуби здив. Без помошта на овие тројца нема ниту употребливи топки за Гонзало Игуаин, а доколку Алегри не успее наскоро да го разбуди својот тим, ќе следи и губење на врвот на табелата, по што лесно може да се случи и отказ за тренерот.

Се вчитува...