Интер живееше во бајка за време на победничката серија, што им овозможи на „нероаѕурите“ дури и да се искачат на врвот на табелата, но ситуацијата целосно се промени со низата слаби резултати.
Антонио Кандрева сигурно ќе биде казнет од управата откако денеска влезе во конфликт со навивачите за време на дуелот со Лацио, па дури и плукна кон тифозите кои го исвиркуваа неговото незалагање при една акција во противничкиот шеснаесетник.
Крилниот играч е познат по незгодниот темперамент, но за ваков однос дефинитивно нема никакво оправдување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА