СРАМОТА: Минута молчење за жртвите во Лондон, фудбалерите на Саудиска Арабија трчаа по терен

Фудбалерите на Саудиска Арабија го навлекоа бесот на спортската јавност ширум светот поради својот однос пред почетокот на квалификацискиот натпревар против Австралија.

Имено, Австралијците со одобрение на ФИФА решија пред почетниот судиски свиреж да има минута молчење во чест на жртвите на последните терористички напади во Лондон, во кои животот го загубија и двајца туристи од Австралија.

И додека „кенгурите“ се наредија прегрнати за да им укажат чест на жртвите, гостите од Саудиска Арабија се растрчаа низ теренот, подготвувајќи се за самиот почеток на натпреварот. Згора на тоа, резервите на гостинската селекција воопшто не станаа од клупата, со седењето покажувајќи непочитување кон жртвите на терористичките напади во британската престолнина.

Се вчитува...