Срамота: Тајмаут на ЛА Лејкерс, а Расел си гледа во телефонот (видео)

Лос Анџелес лејкерс го загубија и 11. меч во низа од Денвер нагетс, а за тоа каква атмосфера владее во овој тим преполн со ѕвезди најдобро говори видеото од Д’Анџело Расел на синоќешниот дуел во Ел-Еј.

Тренерот Дарвин Хем побара тајмаут и додека останатите кошаркари беа околу клупата за да ги следат советите, Расел си седеше сам на крајот, гледајќи во својот мобилен телефон.

Навистина неверојатно однесување од еден професионален кошаркар во меч од плејофот од НБА-лигата. Ако се земе во предвид неговиот однос, не е никакво изненадување што Расел го заврши мечот без ниту еден постигнат поен за 24 минути игра, со шут од поле 0/7.

Се вчитува...