Српскиот фудбалски репрезентативец Душан Влаховиќ нема да може да настапи за националниот тим на претстојните натпревари во Лигата на нации поради повреда.
Како што дознава „Моцарт Спорт“, напаѓачот на Бешикташ се повредил пред собирот на репрезентацијата и го известил селекторот Вељко Пауновиќ дека нема да може да му помогне на тимот на четирите претстојни натпревари.
Влаховиќ досега оваа сезона прикажуваше добри игри во дресот на Бешикташ, а неговото отсуство ќе значи една опција помалку во нападот на Србија. Пауновиќ ќе мора да најде друго решение во нападот, а меѓу играчите на кои може да смета се Лука Јовиќ, Михајло Цветковиќ и Јован Милошевиќ.
Претходно се повреди и Александар Митровиќ, па останува да се види дали Пауновиќ ќе реагира и дополнително ќе повика некој играч за нападот. Лигата на нации започнува за три дена, а Србија во овој период ќе одигра четири меча во ова натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
