Србија без посебна реакција на обвинувањата од Косово: Демагогии за локална употреба

Фудбалскиот сојуз на Косово, со реакција до УЕФА по повод прославата на фудбалерите на Србија по триумфот над Португалија во Лисабон. Косово обвинува дека играчите носеле маички со националистички натписи, потоа ги спорат и песните кои ги пееле играчите во големото славје, како и покажувањето на три прста.

Од фудбалскиот сојуз на Србија за „Спорт Клуб“ истакнале дека нема да коментираат во врска со обвинувањата. „Демагогија за локална употреба“, се наведува во кратката реакција од српскиот сојуз.

Никој од сојузот на Србија не стравува дека би можеле да бидат казнети, со оглед дека во официјалниот записник не е наведено ништо спорно, како што обвинуваат од Косово. Останува да се види реакцијата на УЕФА кога Косово ќе ја испрати жалбата за однесувањето на српските играчи и стручниот штаб во Лисабон.

Се вчитува...