Испразнетото место на позицијата селектор на Србија по заминувањето на Драган Стојковиќ, ќе биде пополнето дури по ноемрвиските квалификациски натпревари, јавуваат српските медиуми.
Стојковиќ поднесе оставка после поразот од албанија на домашен терен, па репрезентацијата со Андора на гости привремено ја водеше Зоран Мирковиќ, кој обезбеди триумф од 1-3 после пресврт. Сега Мирковиќ ќе го продолжи својот „мандат“ на клупата на Србија и во ноемвриските натпревари против Англија на гости и против Летонија на домашен терен.
Во јавноста се појавија шпекулации дека Владан Милојевиќ, сегашниот тренер на Црвена Звезда ќе седне на кормилото, но очигледно тоа, барем засега, нема да се случи. Милојевиќ вчера по ремито со Раднички во Ниш, „тивко“ најави заминување од клупата, а сето тоа беше окарактеризирано како јасна цел да стане селектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

