Србија добива ултра модерен стадион од 257 милиони евра (ФОТО)

Селекторот на фудбалската репрезетнација на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси неодамна најави, а денеска стигна и официјална потврда. Србија до 2025 година треба да добие ултра модерен национален стадион.

Новиот стадион ќе биде во општината Сурчин на околку 15 километри од центарот на Белград. Изградбата на стадионот со назив „Србија“ ќе чини 257 милиони евра и истиот ќе биде со капацитет од 52 илјади места, а на него ќе играат само националните репрезентации.

Во склопот на комплексот ќе биде изграден и трговски центар, фудбалска академија, а најверојатно и музеј на Фудбалската репрезентација на Србија.

 

Се вчитува...