Србија има ново „чудо од дете“ – Влаховиќ урива рекорди во Серија А

Србија има нов голгетер од највисока класа, откако Душан Влаховиќ продолжува да импресионира во настапите за Фиорентина во Калчо-лигата.

Овој 21-годишен напаѓач важи за еден од најдобрите во елитнот италијанско друштво сезонава, откако денеска повторно ја затресе противничката мрежа на дуелот со Болоња. Ова беше 18. погодок на Влаховиќ сезонава, со што стана најмладиот играч што стигнал до ваква бројка во последните 62 години од Калчо-лигата. Последниот кому тоа му пошло од рака е Хозе Алфантини во сезоната 1958-59.

Одличните настапи придонесоа интерес за Влаховиќ да покажат Ливерпул, Милан, Јувентус и Борусија Дортмунд, а Фиорентина веќе најави дека цената на српскиот голгетер во летниот преоден рок ќе изнесува најмалку 60 милиони евра.

Се вчитува...