Србија ја прегази Швајцарија – „дабл-дабл“ на Јокиќ

Србија ја декласираше Швајцарија на гостински терен со 97-73, во петтото коло од квалификациите за Мундобаскет.

„Орлите“ славеа и на првиот дуел против Швајцарците со 90-86 во Белград.

Србија го контролираше текот на натпреварот од самиот почеток, но оствари убедлива победа само благодарение на четвртата четвртина, каде што засилија на крај за убедлив триумф.

Србите до победата ги предводеше Никола Јокиќ со 22 поени со 14 скока и седум асистенции, по него Никола Јовиќ со 22 поени, два скока и пет асистенции.

Двоцифрен број поени постигна и Никола Танасковиќ со 16 поени и три скока, Алекса Аврамовиќ постигна 13 поени со четири скока и шест асистенции, а двоцифрен број поени постигна и Стефан Момиров со 11 поени.

Се вчитува...