Србија се тресе: Мициќ го пропушта Евробаскет?

Србија во фантастичен натпревар славеше по продолжение над Грција, но триумфот беше скапо платен со оглед на повредата што ја заработи Василије Мициќ пред крајот на првото полувреме.

Одличниот плејмејкер настрада при една акција во која Грција беше во напад, а во салата завладеа молк додека лекарите му укажуваа лекарска помош на асот на Ефес.

„Најважно од се ќе биде да не дојде до оток на повредениот зглоб. Во текот на утрешниот ден ќе бидат направени детални прегледи, па ќе се знае и кога повторно би го имале Мициќ на располагање“, изјави селекторот Пешиќ веднаш по натпреварот.

Србија има сериозни проблеми на овој дел од тимот откако селекторот се откажа од искусниот Теодосиќ, по што потешка повреда заработи Аврамовиќ, додека Недовиќ се уште е во трка со времето за настап на Евробаскет, кој ќе стартува на 1 септември.

Се вчитува...