Србија, со поразот од Холандија, бележи негативни историски рекорди

Српската фудбалска репрезентација загуби од Холандија со 1-2 на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, во второто коло од А дивизијата во Лигата на нации.

Со овој пораз, Србите, за прв пат во историјата, запишаа три едноподруго порази на домашен терен.

Холанѓаните сосема заслужено дојдоа до триумфот, со што ги турнаа соседите во тешка битка за опстанок во А-дивизијата од Лигата на нациите.

Се вчитува...