Србија и се приклучи на Шпанија како четвртфиналист во олимпискиот турнир во женска кошарка откако нашиот северен сосед во второто коло ја забележа и втората победа, овојпат над селекцијата на Кина со убедливи 81-69. Кина е актуелен првак на Азија и важеше за фаворит во пресрет на овој дуел, но Србинките одиграа перфектен меч во кој целосно го контролираа резултатот и заслужено стигнаа до победата.
Избраничките на селекторката Марина Маљковиќ ја добија првата четвртина 17-23, по што двете селекции одиграа ефикасно во вториот период (22-22). Како пресуден се покажа напредокот во играта во одбрана на Србија во второто полувреме, во кое Кина за 20 минути постигна само 20 поени (11 во третата, 9 во четвртата четвртина), со што Србинките на крајот триумфираа со убедливи „плус 22“.
Ивон Андерсон беше најефикасна во победничкиот табор со 15 поени, пред Маша Јанковиќ со 13, Тина Крајишник со 12 и Јована Ногиќ со 11 постигнати поени.
Во третото коло Србија ќе се сретне со селекцијата на Шпанија, двете репрезентации се веќе пласирани во четвртфиналето, а во меѓусебен дуел ќе решат за првото место во групата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА