Србија желна за одмазда против Русија на патот кон финале на Евробаскетот!

Репрезентацијата на Србија е желна за одмазда против Русија за поразот во групната фаза од Евробаскетот, па преку Швед и другарите во полуфиналето да стигне до големото финале на континенталниот собир.

И покрај бројните откази (Јокиќ, Бјелица, Теодосиќ, Радуљица, Калиниќ…) Србите го освоија првото место во Групата Д, за да потоа релативно лесно ја минат Унгарија, а во четвртфиналето и Италија победувајќи со 83-67.

Сето тоа навестува моќ за реванш на Русите, кои ги добија нивниот скалп претходно на првенството…

„Играме се подобра одбрана, па сигурно тоа ни дава надеж за квалитетен меч и во полуфиналето. Ќе се игра на се или ништо, затоа што силно го посакуваме финалето на Евробаскетот“ – вели селекторот на Србија, Александар Ѓорѓевиќ.

Но, и Русите си имаат свои математики. Нивна мотивација е фактот дека токму се единствените досега кои и нанесоа пораз на Србија на Евробаскетот.

„Фактот дека сега се работи за полуфинале го прави мечот сосема поразличен од оној во групната фаза. Влогот е голем. Србите овој пат нема да не потценат. Претходно малку не потценија со оглед, пак, на тоа што не победија на подготвителниот турнир во Германија. Но, сега тоа нема да се случи“ – вели тренерот на Русите, Базаревич.

Се вчитува...