Србин ќе трча 1.000 километри и низ Македонија за живот на малата Теодора

Фитнес инструктор од Србија, Марко Николиќ се одлучи да реализира трка од Ниш до Атина како би го привлекол вниманието на јавноста на малата Теодора и нејзиниот здравствен проблем. Чин за секоја почит!

Николиќ ќе трча 1.000 километри, и низ Македонија, во желбата да собере што повеќе средства за лечење на малата Теодора но и помош за нејзиното семејство кое живее во исклучително лоши услови и во руинирана куча.

„Најдов некои спонзори, но тоа не е доволно. Па, сега тие спонзори одлучив да ги искористам за еден подвиг преку кој сакам комплетно да го привлечам вниманието на јавноста на малата Теодора на која итно и е неопходна трансплатација на коскена срж во Болоња. Бебето има само една година и прима хемотерапија откако е родена која ја одржува во живот. Иако хуманитарната акција трае, семејството не успеа да собере ниту малку средства“ – објаснува Николиќ.

Неговата авантура ќе може да се следи директно преку Инстаграм профилот. А, искрено се надева дека сега ова ќе го видат хумани луѓе и ќе помогнат да се соберат средства.

„Ми требаше извесно време за да сфатам дека е можно да се истрча оваа дистанца. Прво се плашев дали може да се впуштам во вакво нешто, но потоа си реков дека во животот ништо не е невозможно. Минував низ тешки период во животот и секогаш на крајот излегував како победник. Станав имун и отпорен на бројни проблеми. Дојде време да мотивирам и повеќе луѓе кои се сомневаат во себе и во своите квалитети и кои се плашат да ја напуштат комотната зона. Многумина ми рекоа да не го правам ова затоа што не е можно, а јас им реков како може да тврдите дека не е можно кога не сте пробале. Ова го правам за Теодора и нејзиното семејство“ – вели Николиќ.

Целта на Николиќ е за 20 дена да мине 1.000 километри, од Ниш преку Скопје и Солун па се до Атина. Во неговиот тим ќе биде возачот Владимир Здравковиќ и девојката Станислава Петровиќ како помош за евентуални несакани случаи.

Се вчитува...