Србин на мета на Барселона

Кошаркарот на Црвена Звезда, Огњен Добриќ е на мета на гигантот Барселона. Српскиот интернационалец имаше фантастична сезона по враќањето на Дејан Радоњиќ на клупата на „црвено-белите“, а неговиот придонес за клубот поготово во финалната серија на АБА лигата и српското првенство не станa незапазен.

Дваесетишест годишникот на 31 одигран натпревар во АБА лигата бележеше просек од 12.1 поен, 3.5 скока и 1.6 асистенции по натпревар, додека во српското првенство додаде 17.9 поени, 6.0 скока и 2.6 асистенции по натпревар.

Барселона на Добриќ гледа како замена за унгарскиот репрезентативец Адам Ханга кој е на излезните врати од „Блауграна“, меѓутоа како конкуренција Србинот го има сонародникот Никола Калиниќ и Гркот Јанис Папапетру.

Се вчитува...