Србинка имала шанса да го уништи Ѓоковиќ: Ми нудеа 60 илјади евра, но…

Новак Ѓоковиќ е интересна тема на светските медиуми не само поради фантастичните настапи и рекордниот број на освоени грен-слем турнири, туку и за неговиот приватен живот за кој ретко кога се знае нешто детално, а во главно се вртат гласини.

Србинот пред да биде топ тема поради одбивањето да се вакцинира против Ковид-19 беше таргет за љубовни врски. Од гласинтие за развод со долгогодишната партнерка Јелена, преку пејачката Наташа Беквалац па се до аноминмни украински убавици, медиумите често знаеја да шпекулираат.

А, да не остане се на гласини се погрижиле и одредени личности од Лондон кои ја врбувале атрактивната Србинка Наталија Шчекиќ да се обиде да го заведе Ѓоковиќ и притоа да извади видео снимка. За предлогот говореше и самата.

„Вистина е дека ми се јави еден дечко кој го познавам од Лондон и го сметам за многу озбилна личност. Кога ме покани да се видиме мислев дека станува збор за некоја работа, но како што одминуваше разговорот видов дека тоа нема никаква врска со мојот живот. Мислев дека е скриена камера бидејќи ми понудија да го заведам Новак и тоа да го снимам. 

Ми кажа дека ќе добијам 60 илјади евра за тоа и карта во било кој правец сакам. Се насмеав очекувјаќи тоа да е шега, но човекот беше многу озбилен. Се чувствував многу навредено и понижено. Подготвуваа пеколен план“, откри Шчекиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natalija Šćekić (@natalijaa55)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natalija Šćekić (@natalijaa55)

Без разлика на гласините и обидите за неверство, Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена до ден денеска сеуште се заедно.

Се вчитува...