Србинот Чубраковиќ нов голман на Академија Пандев

Македонскиот прволигаш Академија Пандев продолжува да го засилува својот ростер во пресрет на стартот на новата сезона во Првата лига. По ангажманот на дефанзивецот Стефан Костов, раководството на Академија Пандев ангажирање и нов голман. Србинот Душан Чубраковиќ е новиот чувар на мрежата на „пандевци“.

Новото засилување доаѓа од екипата на Слобода Ужице (Србија) и има 23 години. Во кариерата има настапувано за екипите на Чукарички и на Слобода Ужице. Тој потпиша договор со Академија Пандев на една година, со опција за пролжување на договорот доколку двете страни бидат задоволни од соработката.

Се вчитува...