Србинот Јаќимовиќ ја засилува одбраната на Победа

Победа го официјализираше и петтото свое засилување во актуелниот преоден рок, 27-годишниот српски стопер Никола Јаќимовиќ.

Станува збор за искусен дефанзивец со чиј ангажман се очекува да се зацврсти последната линија на тимот која се покажа како многу проблематична во тест натпреварите. Јаќимовиќ, доаѓа од прволигашот Будуќност Добановци за кој на 15 натпревари има постигнато два гола. Претходно настапувал и за Шумадија, Бежанија и Баск.

Досега Победа се засилиси со голманот Дарко Тофилоски, Алтин Лога, Иван Ивановиќ и Благојче Спиркоски, а клубот преговара и за дополнителни засилувања до почетокот на пролетната борба за бодови.

Се вчитува...