Србинот Кесар – нов центар на Пелистер

Игор Кесар е нов член на Пелистер, откако битолскиот прволигаш денеска го потпиша договорот со поранешниот кошаркар на Кожув. Битолчани под водство на тренерот Илиевски формираат квалитетен ростер со кој ќе атакуваат на место во Супер-лигата, веќе се потпишани Бојан Трајковски, Бобан Стајиќ и Јетмир Зекири, а Кесар ќе биде првото странско засилување на овој клуб за наредната сезона.

Станува збор за кошаркар кој има искуство од мак-баскетот бидејќи со успех го носеше дресот на Кожув. Кесар е висок 210 сантиметри, го краси и солидна техника и прецизен шут, со што сигурно ќе биде значаен адут на тренерот Илиевски во новата сезона.

Српскиот центар покрај за Кожув во кариерата има настапувано и за Рилски Спортст, Балкан Ботевград, Тамиш, Игокеа, Напредак Крушевац, Слога…

Се вчитува...