Србинот Паповиќ го засили нападот на Работнички

Работнички останува најактивен на фудбалскиот пазар во текот на летово, во кое „романтичарите“ направија ремонт во игррачкиот кадар. Само неколку часа откако беше потпишан договор со Драган Стојков од Беласица, попладнево беше официјализиран и трансфер на српскиот напаѓач Бошко Паповиќ.

Станува збор за млад и перспективен 22-годишен фудбалер кој поголемиот дел од кариерата го мина во младинската школа на Војводина. Паповиќ денеска го стави потписот на договорот со Работнички, по што му се стави на располагање на стручниот штаб.

Паповиќ ќе патува со тимот на подготовките во Банско, каде ќе се обиде да се избори за првотимски статус кај тренерот Влахо.

Се вчитува...