Србинот Рајковиќ во нападот на Силекс, и Јанакиевски од Тетекс ново засилување

Србинот Марко Рајковиќ треба да биде најголемото засилување на Силекс за пролетниот дел од сезоната во домашниот шампионат.

26-годишниот напаѓач веќе се приклучи на тимот на подготовките во Негорски бања а доаѓа од српскиот прволигаш Слобода Ужице каде настапувал изминатава година. Претходно во својата кариера има настапи и за Телеоптик, Колубара, Металац како и албанската Аполонија.

Ново име меѓу кратовци е и фудбалерот од средниот ред Иво Јанакиевски кој доаѓа од второлигашот Тетекс. И Јанакиевски веќе е со тимот на подготовките на југот од земјава.

Претходно Силекс веќе се освежи со шест нови фудбалери, голманите Андреја Ефремов и Стефан Истатов, како и Адријан Чаволи, Петар Икиќ, Дејан Ристов и Виктор Серафимовски.

Се вчитува...