Србиновски останува на чело на Гостивар

Управата на Гостивар го реши едно од најважните прашања во пресрет на новата сезона, откако успеа да договори продолжување на соработката со Марјан Србиновски. Поранешниот македонски селектор имаше контакт и со МЗТ Скопје, но на крајот сепак пресуди лојалноста кон клубот од родниот град.

И во новата сезона со истиот предводник! И покрај повеќето понуди, Марјан Србиновски останува лојален на КК Гостивар за да го продолжи тоа што го започна во својот роден град, а можеби и да биде предводник на нешто многу поголемо оваа сезона“, објавија гостиварци на официјална фејсбук-страница.

По решавањето на тренерското прашање, сега фокусот ќе се насочи кон формирање на ростерот. Гостивар има договор само со Американецот Доналдсон, кој се покажа како одлично засилување минатата сезона, а во следниот период ќе се преговара и со дел од домашните кошаркари кои остануваат да бидат дел од плановите на Србиновски.

Се вчитува...