Србите бесни: Јокиќ е жртва на грабежот на векот

Изборот Шеј Гилџус Александер да биде нов МВП на НБА-лигата покрена бура од реакции во американската јавност, ако се знае дека Никола Јокиќ имаше неверојатни бројки со кои според многумина беше главен фаворит за признанието.

Српскиот центар на крајот освои дури 136 гласа помалку од победникот Гилџус Александер, но медиумите кај нашиот северен сосед не можат да поверуваат дека Јокиќ остана без наградата во сезоната во која стана прв центар во историјата со трипл-дабл просек во една натпреварувалка сезона (29,6 поени, 12,7 скокови и 10,2 асистенции по натпревар).

„Никола не е МВП сезонава. НБА реши да му ја подари наградата на Шеј“, напиша „Блиц“, додавајќи: Статистиката говори се… кога наместо пет, имаш три МВП признанија.

„Курир“ на сите текстови на оваа тема имаше наднаслов „Брука“… по што пишуваше: Јокиќ е жртва на незапаметена неправда. Ова е грабеж на столетието.

„Мондо“ пак напиша: „Јокиќ е ограбен, НБА пак се посрамоти“…

Се вчитува...