Србите го фатија „последниот воз“ за полуфинале на Евробаскетот

Репрезентацијата на Србија ќе биде противникот на Русија во полуфиналето од Евробаскетот, откако избраниците на Ѓорѓевиќ ја елиминираа Италија со резултат од 83-67. улогата на фаворити ја оправда српскиот состав, па така второ натпреварување по ред ќе се борат за медал на Евробаскетот.

Првата четвртина најави дека ќе биде тесен натпреварот, Италија сакаше да докаже дека не ги пласши фаворитската улога на Србија, па по 10 минути резултатот беше 18-17 во корист на нашиот северен сосед. Италијанскиот состав подобро го започна мечот, но залудно имаа предност во текот на целиот период.

image (5)

Српските кошаркари ја превзедоа иницијативата пред полувремето, па со неколку мини серии направија направија водство од +11 и веќе на паузата имаа позитивен исход кој води во полуфиналето на овој Евробаскет. Србија ја освои четвртината со убедливи 26-16, а резултатот по 20 минути игра беше 44-33 во нивна корист.

Избраниците на Еторе Месина немаа никаков одговор за нападите на Србија, кои пак само ја зголемуваа предноста и стигнаа до највисоки 15 разлика по само неколку минути од третиот период, па се чинеше дека Италија нема сили за изненадување.

Националниот тим на Италија се обидуваше барем со достоен пораз да се прости од натпреварувањето. Сепак, Србите не дозволија изненадување и неизвезна завршница, па кон мирен крај го приведоа мечот. Србија освои три од четирите периоди на мечот, последниот заврши во нивна корист со скор од 24-19,.

Богдан Богдановиќ одново во лидерската улога забележа 22 поени со 6 скока и 4 асистенции, капитенот Мачван застана на 13 поени. Марјановиќ и Лучиќ додадоа 10, односно 11 поени. Кај Италијанците најефикасен беше Марко Белинели со 18 поени, додека Луиџи Датоме запиша 15 поени.

Се вчитува...