„Србите и Хрватите војуваа едни со други, а гледајте ги сега Новак и Горан“

Легендарниот американски тенисер Џон Мекинро направи интересна паралела коментирајќи ја врската помеѓу Новак Ѓоковиќ и неговиот тренер Горан Иванишевиќ…

Откако Ѓоковиќ победи на Австралија опен против Циципас, Мекинро изјави дека српскиот тенисер ќе освои уште најмалку три гранд-слема, а се осврна и на односот со Горан Иванишевиќ.

„Се сеќавам кога Србите и Хрватите беа во војна, но сега, гледајќи ги двајцата како тим, кој можеше да помисли пред 25 години дека тоа ќе се случи. Овие момци се блиски и тоа е убава работа“, изјави Мекинро.

Се вчитува...