Бугарскиот прволигаш Лудогорец, го промовира Хрватот Игор Јовичевиќ, за нов тренер.
За Јовичевиќ ова ќе биде втор мандат на клупата на Лудогорец, откако бугарскиот тим го предводеше во сезоната 2024/25 и ја освои тројната круна. Toj
Хрватот доаѓа на местото на Томас Реис кој седна на клупата на Транзонспор.
„Еден од најуспешните тренери во историјата на Лудогорец, Игор Јовичевиќ, се враќа на клупата. Хрватскиот тренер кој ја освои тројната круна и раководството успешно ги завршија преговорите. Првиот тренинг Јовичевиќ ќе го одржи на 24 септември“, стои меѓу другото во соопштението на Лудогорец.
Во игра за клупата на Лудогорец, пред да биде назначен Јовичевиќ, беа и поранешните тренери на Црвена звезда, Драган Стојковиќ Пикси и Дејан Станковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
