Србите преку Унгарија закажаа четвртфинале со Италија

Кошаркарската репрезентација на Србија се пласира во четвртфиналето на Евробаскет 2017, совладувајќи ја Унгарија во осминафиналната пресметка со 86-78. Србите во следната рунда ќе ги одмерат силите со селекцијата на Италија, која вчера беше подобра од Финска.

Првата четвртина им припадна на избраниците на Александар Ѓорѓевиќ со 24-16, а на полувреме заминаа со седум поени предност (48-41). Сепак, го контролираа резултатот во текот на целиот меч, а во еден дел имаа и високи 17 поени позитива. Но, Унгарија не се предаваше, во последниот период намали на 84-77, а тоа беше доволно само за чесен пораз. Богдан Богдановиќ со 17 поени беше предводник на Србија на овој меч, а најефикасен на средбата беше Унгарецот Перл со 22 поени.

Се вчитува...