Србите разочарани од изгледот на новиот дрес на фудбалската репрезентација (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Србија на престојното европско првенство во кое во групната фаза силите ќе си ги одмери со Англија, Словенија и Данска ќе настапи во нови дресови кои денеска официјално беа претставени од официјалниот спонзор „Пума“.

Првиот дрес на „Орлите“ ќе има доминантна црвена боја со плави линии на ракавот и бела линија на грбот. Интересно, „Пума“ го претстави српскиот дрес заедно со австрискиот, чешкиот и швајцарскиот, а сите имаат ист изглед со различни нијанси на бои. Овој факт не им се допадна на српските фанови.

И покрај тоа што официјално не е претставен и вториот дрес, очекувањата за истот е дека ќе биде во доминантна бела боја со црвена и сина нијанса на ракавите и сина линија на грбот.

Се вчитува...