Одбојкарската селекција на Србија доживеа ладен туш на денешниот дуел со Финска, губејќи со максимални 0-3 во сетови од ко-домаќинот на европскиот шампионат што се одржува во четири различни држави.
Финците бодрени од верните фанови во преполната арена во Тампере наметнаа ритам што српските одбојкари не успеаја да го следат и на крајот заслужено се радуваа на победата. Србија освои само 19 поени во првиот сет, во вториот резулатот гласеше 25-21, а третиот беше најнеизвесен и заврши со 25-23 за Финска.
Во дуелот од нашата група, меѓу селекциите кои ќе бидат главни ривали на Македонија во борбата за четвртото место, Израел по голема борба ја совлада Португалија со 3-2 во сетови. Португалците имаат за што да жалат ако се знае дека имаа 1-2 во сетови, но израелскиот состав одигра најдобро кога беше најважно, славеше со 25-22 во четвртиот сет, а потоа во тајбрејкот Израелците беа убедливи, триумфирајќи со 15-7.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
