Србите со Грујиќ и со Живковиќ на мегдан со Македонија

Селекторот на српската младинска репрезентација, Горан Ѓоровиќ, денеска го објави списокот на фудбалери на чии услуги ќе смета за претстојниот квалификациски дуел против Македонија, закажан за 6 октомври во Скопје

Откако со овој ривал одигравме нерешено (2-2) на последното ЕП во Полска, јасно е дека Србите многу сериозно ќе влезат во претстојниот дуел. Впрочем, доволна потврда за тоа е вклучувањето во списокот на Марко Грујиќ од Ливерпул и на Андрија Живковиќ од Бенфика, двајца врвни фудбалери за врска кои ќе бидат главни адути на Србија на овој натпревар.

Првиот голман на репрезентацијата, Вања Милинковиќ Савиќ, е отстранет од националниот тим поради недисциплина, а во однос на претходниот список на играчи селектор Ѓоровиќ овојпат нема да смета на Милан Гајиќ (Бордо), Немања Михајловиќ (Херенвен) и на Срѓан Бабиќ (Црвена звезда).

СПИСОК СРБИЈА:

Голмани: Борис Радуновиќ (Салернитана), Немања Јевриќ (Бачка), Милош Остојиќ (Спартак).

Одбрана: Немања Ќаласан (Спартак), Вукашин Јовановиќ (Бордо), Никола Миленковиќ (Фиорентина), Миладин Стевановиќ (Кајзери), Мирослав Богосавац (Чукарички), Ерхан Машовиќ (Бриж), Немања Вучиќ (Земун).

Среден ред: Андрија Живковиќ (Бенфика), Марко Грујиќ (Ливерпул), Петар Мичин (Чукарички), Саша Лукиќ (Леванте), Данило Пантиќ (Партизан), Ѓорѓе Дениќ (Рад), Александар Месаровиќ (Војводина), Милош Пантовиќ (Баерн), Немања Радоњиќ (Црвена звезда), Лука Аџиќ (Црвена звезда), Александар Лутовац (Рад).

Напад: Лука Јовиќ (Ајнтрахт), Иван Шапоњиќ (Цулте Варегем).

Се вчитува...